Принцот Вилијам, војводата од Кембриџ, откри какво влијание имало врз него соочувањето со моментите на живот и смрт додека бил пилот во авионската брза помош.
Тој служел како пилот во воздушната амбуланта на Источна Англија (EAAA) од 2015 до 2017 година, објави Би-Би-Си, а пренесува Танјуг.
Говорејќи во подкастот на Ејпл „Време е за пешачење“, принцот Вилијам изјавил дека во себе носел траума и тага.
Тој изјавил дека неговата работа го растажувала и покрај тоа што имал среќен дом и успешен деловен живот.