(Видео) Се урна автопат во Кина: возила паднаа во провалија, десетици мртви

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

пред 2 години

Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните власти.

Несреќата се случи вчера наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.

Претходно беше соопштено дека загинале 24 лица, а 30 се повредени.

Текстот При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top