ЕУ го надмина прагот од 300 милиони вакцинирани граѓани

пред 3 години

Европската унија го надмина прагот од 300 милиони луѓе вакцинирани против Ковид-19, соопшти денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Надминавме 300 милиони вакцинации во ЕУ“, напиша Фон дер Лајен на својот профил на „Твитер“.

„Секојдневно се приближуваме до нашата цел: следниот месец да испорачаме доволно дози за вакцинирање на 70% од возрасните во ЕУ“, додаде претседателката на Комисијата.

Share
Scroll to Top