Провалил во куќа во Германија, си зготвил вечера и се капел во када, полицијата го привела

Провалил во куќа во Германија, си зготвил вечера и се капел во када, полицијата го привела

пред 6 часа

Полицијата во Германија добила пријава за провала, а на местото затекнала гол маж кој си подготвил вечера и се капел во кадата.

Провалникот си зготвил оброк и се искапалeл во куќа во која провалил, на балтичкиот остров Риген, соопшти германската полиција.

Соседот во неделата навечер ја алармирал полицијата во градот Ломе, откако забележал дека светлата се вклучени во неколку простории.

Од дворот, полицајците забележале маж како седи во кадата на горниот кат. Кога ги забележал, наводно излегол од бањата.

Полицијата го затекнала гол во куќата. За 25-годишникот е соопштено дека се однесувал агресивно и пружал отпор.

Тој бил приведен, а криминалистичката полиција обезбедила докази на местото на настанот.

Текстот Провалил во куќа во Германија, си зготвил вечера и се капел во када, полицијата го привела е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top