Пукање во Нов Белград, мета бил член на криминалната група „Пинк Пантер“

пред 3 дена

На паркингот пред трговскиот центар во Нов Белград, каде што попладенво околу 16:40 часот се случило пукање, во кое тешко бил ранет еден маж, во моментов се врши увид од страна на белградската полиција, пренесуваат српските медиуми.

Според „Танјуг“ во тек е интензивно пребарување на околината со цел да се пронајде напаѓачот.

Порталот „Блиц“, пак,информира дека пресметката се случила на паркингот, а напаѓачот потоа го фрлил пиштолот и се дал во бегство.

Од Брзата помош изјавиле дека во Ургентниот центар е донесен тешко повреден маж.

Некои медиуми јавувија дека застрелан е 35-годишниот Александар Шарац, кој важел за член на криминалната групата „Пинк Пантер“ позната по своите спектакуларни кражби во западноевропските земји.

Според некои медиумски извештаи, тој веќе им подлегнал на повредите.

Share
Scroll to Top