Најмалку тројца загинати и четворица повредени во тепачка и пукање за време на новогодишна забава во американската сојузна држава Мисисипи.
Инспекторите се уште водат истрага, го пребаруваат местото на пукањето и сослушуваат сведоци во врска со пукањето. Според информациите, засега нема апсења.
Едно лице се уште е во критична состојба по тепачката што му претходела на пукањето на новогодишната забава во градот Гулфпорт, соопшти полицијата, пренесе АП.