Пукање пред супермаркет во Германија: полицијата го совладала вооружениот маж

Пукање пред супермаркет во Германија: полицијата го совладала вооружениот маж

пред 5 часа

Утрово, полицијата во Дрезден застрелала вооружен маж (41) кој се појавил пред супермаркетот „Нето“ во градскиот округ Фридрихштат, според германските медиуми.

Околу 8:20 часот наутро, полицијата добила пријава дека пред продавницата има вооружен маж, кој бил забележан од луѓе и ги повикале службите за итни случаи, објавува „Билд“. Специјалните единици за интервенции во ситуации опасни по живот (LebEL) веднаш биле испратени во Дрезден.

Според полицијата, припадниците на безбедносните сили виделе маж „со некаков вид оружје во раката“ на самото место, од кој набрзо пукал во полицајците. После тоа, неколку полицајци го употребиле своето службено оружје и го раниле мажот, изјави портпаролот на полицијата.

Според него, 41-годишниот маж потоа извикал „Алаху акбар“. Полициските службеници го совладале вооружениот маж, а потоа го пренеле во болница.

Против него е покрената истрага за закани и прекршување на законот за оружје. Полицијата објави дека сега истражува дали интервенцијата била оправдана.

Треба да се испита и дали оружјето што го имал мажот било функционално и дали имал соодветни куршуми.

Текстот Пукање пред супермаркет во Германија: полицијата го совладала вооружениот маж е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top