Путин: Ако НАТО распореди војска во Финска и Шведска, ќе одговориме на ист начин

пред 2 години

Русија ќе одговори на влезот на Шведска и Финска во НАТО, изјави денеска претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„ Доколку НАТО ја воспостави својата инфраструктура во Финска и Шведска по пристапувањето на овие две земји во Северноатлантската алијанса предводена од САД, Русија ќе одговори со иста мерка“, изјави денеска Путин.

Путин истакна дека Русија нема проблеми со Финска и Шведска, туку со Украина.

„ Немаме никакви проблеми со Шведска и Финска, како што ги имаме со Украина. Тие сакаат да се приклучат на НАТО, па само напред“, изјави Путин за руската државна телевизија по разговорите со лидерите од Централна Азија во Туркменистан.

„ Но, тие мора да разберат дека претходно немало закана, додека сега таму се распоредат воени контингенти и инфраструктура, ќе мора да одговориме со иста мерка и да создадеме исти закани за областите од кои сме загрозени“, додаде Путин.

Тој рече дека е неизбежно односите на Москва со Хелсинки и Стокхолм да се влошат поради нивното членство во НАТО.

Коментарот на рускиот претседател дојде еден ден откако Турција го укина ветото за прием на Финска и Шведска во НАТО по потпишувањето на договорот во Мадрид со двете нордиски земји за заемна заштита на интересите.

Share
Scroll to Top