Во телефонски разговор рускиот и палестинскиот претседател, Владимир Путин и Махмуд Абас, ја повторија својата посветеност за развивање пријателски односи меѓу двете земји, соопшти прес-службата на Кремљ.
Претседателите разговарале за билатералната соработка меѓу двете земји, пред сѐ, во трговско-економската сфера, пренесува ТАС С.
Рускиот претседател им го честиташе на Абас и на сите Палестинци светиот муслимански месец рамазан, наведува руската агенција.