Путин предлага примирје за Денот на победата, Зеленски бара подолг прекин на огнот

Путин предлага примирје за Денот на победата, Зеленски бара подолг прекин на огнот

пред 4 часа

Рускиот претседател, Владимир Путин предложил прекин на огнот во Украина за време на одбележувањето на Денот на победата на 9 мај, за време на телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

Украинскиот претседател Зеленски побарал дополнителни детали за предлогот, но воедно изнел контрапредлог за подолгорочен прекин на непријателствата.

„Нашиот предлог е долгорочен прекин на огнот, сигурност за луѓето и траен мир“, порача Зеленски, додавајќи дека Украина е подготвена за сериозен мировен процес.

И украинскиот министер за надворешни работи Андри Сибиха ја отфрли идејата за кратко примирје само за парадата во Москва, прашувајќи: „Зошто не сега?“

Според Киев, доколку Русија навистина сака мир, треба веднаш да прогласи целосен прекин на огнот од најмалку 30 дена.

 

Текстот Путин предлага примирје за Денот на победата, Зеленски бара подолг прекин на огнот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top