Фаучи: Веќе не мора да му противречам на Трамп, се чувствувам слободно

пред 3 години

Водечкиoт американски имунолог Ентони Фаучи, советник на американскиот претседател за пандемија, им изјавил на новинарите дека се чувствува полесно по заминувањето на Доналд Трамп од Белата куќа.

Од почетокот на пандемијата Фаучи имаше многу активна во комуникацијата со новинарите, но во последните месеци се држеше на дистанца.

„Отсекогаш сум зборувал сè што знам и затоа понекогаш имав проблеми“, рече тој.

Објасни дека му било тешко да слуша изјави што немаат научна основа. Тој исто така призна дека бил многу вознемирен кога Трамп во март се залагал за употреба на хидроксихлорокин во третманот на коронавирус, лек против маларија за кој се покажало дека нема ефект против вирусот.

„Не беше воопшто лесно да му се спротивставиш на претседателот“, рече Фаучи, додавајќи: „И не изгледаше дека тоа може да мине без последици“.

„Самото сознание дека денеска можам да дојдам овде, да го кажам тоа што го знам, да презентирам докази и да зборувам врз основа на науката е ослободувачко чувство“, заклучи имунологот.

Share
Scroll to Top