Рускиот претседател најави дека има намера да прогласи 10 неработни дена со цел да ја стави под контрола пандемијата на коронавирус во земјата, пренесува АФП.
Веста, сепак, не доби официјална потврда од Кремљ.
#BREAKING Putin announces 10-day ‘non-working’ period in May to prevent virus surge pic.twitter.com/Y3zZ7fWzuQ
— AFP News Agency (@AFP) April 23, 2021
Според АФП, но и според некои руски медиуми, претседателот на Русија се согласил бројот на неработни денови околу 1 мај да се продолжи за два дена, така што Русите ќе одат на принуден одмор.
Russia’s official COVID numbers remain extremely low. However signs are it’s far far worse. Mayor of Moscow has said cases are rising; + I’ve spoken to big employers who pay to have employees tested and they are seeing the same thing. ⬆️⬆️ https://t.co/muhJH5rO6h
— Chris Brown (@CBCChrisBrown) April 23, 2021
„Сиберијан тајмс“ наведува дека принудните одмори започнуваат на 1 мај и ќе траат до 11 мај.
Светските медиуми наведуваат и дека Русија преку официјални канали објавува дека бројот на новозаразени во земјата е под контрола, како и дека е низок во однос на вкупниот број на жители. Сепак, медиумите, пријателски настроени кон опозицијата, наведуваат дека ситуацијата е многу полоша отколку што е официјално презентирана, а како доказ за тоа се повикуваат на сè почестите изјави на градоначалникот на Москва, кој зборуваше за фактот дека бројот на новозаболени во Москва постојано се зголемува.