Рама: Балканските земји се заложници на национализмот на Европската Унија

пред 1 година

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека земјите од Балканот се заложници на национализмот што постои во ЕУ, пренесуваат регионалните медиуми.

Тој ова го истакнал на „Сими симпозиумот“ во Атина и објаснил дека блокирајќи го почетокот на пристапните преговори во Северна Македонија, Бугарија копира само други земји од ЕУ кои блокираат други од лични интереси, пренесуваат порталите.

„Бугарија воочи дека може да користи локална политика за да блокира други“, рече Рама, додавајќи дека Албанија се подготвува да започне преговори неколку пати откако доби уверување од Европската комисија дека преговорите ќе започнат.

Рама исто така посочи дека е потребно поголемо присуство на Грција во регионот и додаде дека земјите од регионот треба да се залагаат за реформи и да соработуваат за доброто на децата.

Share
Link with us
Game bài đổi thưởng
Scroll to Top