Рама рекол дека и за време на неговата посета во Белград биле закачени албански знамиња и потсетил дека, иако едно било запалено, сторителите веднаш биле уапсени.
„Нека се срамат тие што го направија ова, а не јас и мојата влада, кои имаме поддршка од Албанците да работат, да се развиваат“, посочил Рама.
Дел од присутните на протестот според написите вечерва запалиле и ги симнувале српските знамиња во Тирана, додека поранешниот премиер Сали Бериша од говорница ја нападнал иницијативата „Отворен Балкан“ и Србија.






