„Рајанер“ од утре со нови правила за пријавување на лет и предавање багаж

„Рајанер“ од утре со нови правила за пријавување на лет и предавање багаж

пред 54 минути

Авиокомпанијата „Рајанер“ (Ryanair) од утре, 10 ноември, воведува нови правила според кои шалтерите за пријавување на лет и предавање багаж ќе се затвораат 60 минути пред планираното полетување, наместо досегашните 40 минути.

Новото правило ќе важи на сите аеродроми на кои оперира авиокомпанијата, а патниците што ќе задоцнат со предавањето на багажот ризикуваат да го пропуштат летот без право на враќање на парите.

Промената првенствено се однесува на околу 20 отсто од патниците кои предаваат чекиран багаж. За останатите, кои се пријавуваат онлајн и патуваат само со рачен багаж, правилата остануваат непроменети.

Онлајн пријавувањето и понатаму ќе биде достапно преку веб-страницата или апликацијата на „Рајанер“ до два часа пред полетувањето.

Од компанијата објаснуваат дека целта на промената е да им се овозможи на патниците повеќе време за безбедносните и пасошките контроли, особено во периоди на поголем метеж на аеродромите.

Текстот „Рајанер“ од утре со нови правила за пријавување на лет и предавање багаж е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top