„Рајанер“ повеќе нема да им наплаќа на родителите да седат до своите деца

„Рајанер“ повеќе нема да им наплаќа на родителите да седат до своите деца

пред 6 часа

Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ ја промени политиката за седење и отсега родителите ќе можат бесплатно да седат покрај своите мали деца, без да плаќаат дополнително за резервација на седишта.

Одлуката следува откако британската Агенција за конкуренција и пазари (CMA) отвори истрага дали досегашната практика била спротивна на прописите за заштита на потрошувачите.

Според новите правила, родителите кои не резервирале седишта ќе добијат бесплатно место до своето дете при чекирањето за летот. Бесплатните семејни седишта ќе бидат достапни во задниот дел на авионот.

Извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, изјави дека компанијата „неволно“ ја прифаќа оваа промена, но тврди дека досегашната политика била законска и им обезбедувала сигурност на семејствата.

И покрај промената, британската агенција соопшти дека истрагата продолжува за да утврди дали новата политика целосно е во согласност со законот.

Текстот „Рајанер“ повеќе нема да им наплаќа на родителите да седат до своите деца е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top