Пентагон ја објави локацијата на една од своите нуклеарни подморници, редок потег што доаѓа еден ден откако претседателот Трамп го отфрли најновиот мировен предлог на Иран. Шестата флота на САД објави дека подморница со балистички ракети од класата Охајо, во неделата пристигнала во Гибралтар, британска територија покрај јужниот брег на Шпанија, објави The Hill.
„Посетата на пристаништето ја покажува способноста, флексибилноста и трајната посветеност на Соединетите Американски Држави кон своите сојузници во НАТО“, се вели во соопштението на Шестата флота. „Подморниците со балистички ракети од класата Охајо се незабележливи платформи за лансирање и се најотпорниот дел од нуклеарната тријада на САД.“
Пентагон не го откри името на подморницата, која е меѓу најтајните оружја на американската војска. Локациите на американските нуклеарни подморници генерално се чуваат строго доверливо.
Тензии со Иран
Трамп им рече на новинарите во понеделник дека прекинот на огнот на САД со Иран е „на апарати“ и го опиша како „неверојатно слаб“.
Контрапонудата на Иран вклучуваше барања кои наводно вклучуваа воени репарации, ирански суверенитет над Ормускиот теснец и укинување на американските санкции. Претседателот ја нарече контрапонудата „тотално неприфатлива“ во неделата.
Текстот Редок потег на САД: Открија локација на нуклеарна подморница, дали е ова порака до Иран? е превземен од МАКФАКС.




