„Ритер Спорт“ ќе ја продолжи испораката на чоколади во Русија

пред 4 години

Германскиот производител на чоколади „Ритер Спорт“ ќе го продолжи својот бизнис во Русија, објави вчера новинската агенција ДПА, повикувајќи се на портпарол на компанијата.

„ Ритер Спорт ќе продолжи да испорачува чоколадо во Русија. Прекинот на испораките би довел до драматично намалување на производството и сериозно ќе влијае на компанијата“, додаде портпаролот.

На почетокот на март, компанијата одлучи да престане да инвестира на рускиот пазар и да престане да се рекламира таму.

Share
Scroll to Top