Родилка од Кикинда го фрлила бебето во полски тоалет

пред 4 години

Мајка со новороденче коешто имало видливи повреди на главата и телото се појавила во болницата во Кикинда, Србија. Првите резултати од истрагата покажале дека 28-годишна жена го фрлила новороденчето во полски тоалет по породувањето, пренесуваат медиумите.

Новороденчето е хоспитализирано во Клиничкиот центар на Војводина и животот му е загрозен.Поради лошата психофизичка состојба жената била задржана во болницата во Кикинда. Во тек е истрага по наредба на Основното јавно обвинителство во Кикинда.

Share
Scroll to Top