Ромни: Би сакал да бидам претседател, но луѓе над 80 години не треба да ја водат земјата

Ромни: Би сакал да бидам претседател, но луѓе над 80 години не треба да ја водат земјата

пред 3 часа

Поранешниот републикански сенатор од Јута, Мит Ромни, индиректно ги критикуваше сегашниот и поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп и Џо Бајден, во ново интервју, велејќи дека верува дека луѓето над 80 години не треба да ја водат земјата. Ромни, кој има 79 години, ја наведе сопствената возраст како главна причина зошто го напуштил Сенатот во 2025 година и зошто нема повторно да се кандидира за претседател.

Гостувајќи во подкастот „Deseret Voices“, републиканецот одговори на прашањето дали ќе се врати на политичката сцена и ќе се кандидира за претседател во 2028 година. „Всушност, секако дека би сакал повторно да се обидам. Можеби овој пат ќе успеам. Знаете што велат, трет пат среќа. Но, не, нема да се кандидирам“, рече Ромни, кој беше претседателски кандидат во 2008 и 2012 година, со смеа.

„Само мислам дека луѓето во нивните 80-ти и постари навистина не треба да го водат светот или да водат земја“, додаде тој.

За време на истото интервју, Ромни го изрази и своето згрозување од влијанието на супербогатите врз изборите.

Тој го поткрепи својот став со цитат од книгата на Бил Брајсон „Телото“, во кој се наведува дека човечкиот мозок се намалува за 20 проценти до 80-годишна возраст. Претседателот Доналд Трамп го прослави својот 80-ти роденден во јуни, додека неговиот претходник Џо Бајден имаше 82 години на крајот од својот мандат.

Ромни објави во 2023 година дека нема да се кандидира за втор мандат во Сенатот, наведувајќи ја истата причина – неговата возраст. „Поминав 25 години во јавна служба на различни позиции, а на крајот од друг мандат би бил во средината на 80-тите години“, рече Ромни во видеото. „Искрено, време е за нова генерација лидери. Тие се оние кои треба да донесат одлуки што ќе го обликуваат светот во кој ќе живеат.“

Ромни, кој беше номиниран од републиканците да се кандидира против Барак Обама во 2012 година, беше еден од најгласните критичари на Трамп од сопствената партија додека служеше во Сенатот од 2019 до 2025 година. Во интервју за „Вашингтон пост“ во 2023 година, тој ги критикуваше и двајцата.

„Нашиот следен претседател веројатно ќе биде Трамп или Бајден, а Бајден не е способен да ја води земјата по важни прашања, додека Трамп не е спремен“, објасни тој во тоа време. Во истото интервју, тој изрази верување дека Републиканската партија би можела да се прегрупира ако се фокусира повеќе на младите гласачи.

 

фото/Depositphotos

Текстот Ромни: Би сакал да бидам претседател, но луѓе над 80 години не треба да ја водат земјата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top