„Ројтерс“: Иран нападнал товарен брод во Ормускиот Теснец

„Ројтерс“: Иран нападнал товарен брод во Ормускиот Теснец

пред 3 часа

Иран отворил оган врз товарен брод кој претходно пријавил дека бил погоден од проектил додека пловел низ Ормускиот Теснец, изјавиле двајца американски претставници за Ројтерс, под услов да останат анонимни.

Британската агенција за поморска трговија (УКМТО) соопшти дека бродот бил погоден во десниот дел, на околу 7,5 наутички милји југоисточно од оманското пристаниште Дахит. Во нападот нема повредени, ниту е забележано загадување на морето.

Инцидентот се случил само неколку часа откако Иран предупреди дека бродовите кои пловат низ ова подрачје без негово одобрение би можеле да се соочат со „последици“. Британската агенција издаде предупредување до бродовите што пловат во регионот и соопшти дека ја следи ситуацијата.

Текстот „Ројтерс“: Иран нападнал товарен брод во Ормускиот Теснец е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top