Луѓето кои живеат во близина на најисточната точка на Полска утринава ги разбуди ракетен напад извршен во близина на украинскиот град Володимир, кој е на помалку од 15 километри од границата. Ова е најблискиот напад до полската граница досега.
Околу 6 часот и 30 минути се слушнале три експлозии „кои ги затресоа прозорците“, изјави за порталот Notes from Poland, маж кој живее на неколку километри од границата. Наводно, експлозии се слушнале и во градот Хрубиесов.
Explosions du côté de Volodymyr-Volynskyï, à proximité de l’endroit où nous attendons de passer côté Polonais avec d’autres milliers de réfugiés. #Ukraine. pic.twitter.com/tUkoeNuSwS
— Pierre Mareczko (@MareczkoP) February 27, 2022
Ракетниот напад на Володимир подоцна беше потврден од украинските власти во регионот. Трите ракети, најверојатно истрелани од Белорусија, биле насочени кон воени складишта.
Луѓето кои ја преминале границата по нападот известуваат дека додека чекале во ред за премин, виделе колона чад како се издигнува по нападот.
„Експлозиите ме разбудија, сè уште се плашам“, изјави за порталот „Виртуелна Полска“ сопственик на локален агротуристички стан. „Не знам дали ќе заспијам вечерва“, додаде тој.
„Ова е шок, не очекувавме дека ќе се случи толку блиску до нас“, рече градоначалникот на селото Корзове, кое е недалеку од границата.