Русија: Во контакт сме со САД за нова рунда мировни преговори за Украина

Русија: Во контакт сме со САД за нова рунда мировни преговори за Украина

пред 4 часа

Кремљ соопшти дека Русија е во контакт со САД околу организирање нова рунда мировни преговори за Украина, кои би се одржале кога ќе се создадат услови.

„Отворени сме, во контакт сме со Американците и сметаме на одржување на следниот круг преговори штом околностите тоа го дозволат“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе Ројтерс.

Тој ги отфрли тврдењата на „Њујорк тајмс“ дека рускиот претседател Владимир Путин го изгубил интересот за преговори поради конфликтот со Иран, оценувајќи ги како целосна измислица.

Песков нагласи дека Русија останува заинтересирана за мировно решение, но клучните прашања, вклучително и територијалните, сè уште не се решени.

Претходно, помошникот во Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека САД ја информирале Русија за последните разговори со украинската делегација, одржани на Флорида. Последните трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржале минатиот месец.

Текстот Русија: Во контакт сме со САД за нова рунда мировни преговори за Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top