Русија е можно во јануари да ја нападне Украина, тврди украинскиот министер за одбрана

пред 3 години

Американскиот државен секретар Ентони Блинкинен го предупреди својот руски колега дека Москва ќе плати „висока цена“ доколку ја нападне Украина. Тој повика на изнаоѓање дипломатски излез од кризата.

Русија распореди повеќе од 94.000 војници во близина на границата со Украина, а можно е да подготвува и голема воена офанзива на крајот на јануари, тврди украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников.

Тој додаде дека Украина нема да направи ништо што би можело да предизвика таков развој на настаните, но дека е подготвена да се брани доколку Русија започне напад.

Киев врши притисок врз ЕУ и НАТО да подготват пакет остри санкции за да ја обесхрабрат Русија да започне офанзива. Кремљ одговори на изјавите на Киев со обвинувања дека прокламираната цел на Украина – враќање на Крим под своја контрола – претставува буквална закана за Русија.

Кремљ го анектира црноморскиот полуостров Крим од Украина во 2014 година и последователно ги поддржа бунтовниците во борбата против владините сили на истокот на земјата.

Share
Scroll to Top