Британското Министерство за одбрана објави нов извештај за настаните во Украина, во кој се наведува дека руските војници бележат големи загуби и се принудени да ги реорганизираат своите капацитети.
Тие велат дека руските војници се враќаат во Белорусија за да се реорганизираат и снабдуваат.
– Ваквата активност дополнително врши притисок врз и онака проблематичната логистика на Русија и ги покажува тешкотиите со кои се соочува Русија со реорганизацијата на нејзините единици во рамките на Украина.
Русија најверојатно ќе продолжи да компензира за намалената способност да напредува на копно со масивни артилериски и ракетни напади.
Наведеното фокусирање на Русија на офанзивата во Доњецк и Луганск веројатно е премолчено признание дека се бори за одржување на повеќе од една значајна оска на напредок – соопшти британското Министерство за одбрана.
(1/4)
Russian units suffering heavy losses have been forced to return to Belarus and Russia to reorganise and resupply.— Ministry of Defence ?? (@DefenceHQ) March 30, 2022