Шефот на регионалната управа во Харков тврди: Русите киднапираа уште еден градоначалник

пред 2 години

Шефот на регионалната управа во Харков, Олег Синиехубов (Олех Синиехубов) објави дека руските сили го фатиле градоначалникот на Голем Бурлат во областа Харков Виктор Терешченко, пренесува Си-Ен-Ен.

– Денеска имаме вест дека Русите го фатиле градоначалникот на заедницата Голем Бурлат, Виктор Николаевич Терешченко. Таквите луѓе треба да бидат безбедни. Виктор Терешченко едноставно бил киднапиран од своето работно место и одведен во локалната полициска станица. Го држат таму и нема да го пуштат – рече Синегубов.

Тој додаде дека мештаните го осудуваат чинот и посочи дека се работи на што поскоро ослободување на градоначалникот Терешченко.

Share
Scroll to Top