Руските војници одржаа генерална проба на воената парада за Денот на победата

пред 3 години

Руските војници се собраа денес на Црвениот плоштад во Москва на генерална проба по повод воената парада за Денот на победата.

Русија во недела на 9 мај ќе ја прослави 76-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.

На воената парада ќе учествуваат повеќе од 12.000 војници.

Парадата, која се одржува секоја година на 9 мај, ја означува советската победа во Втората светска војна или Големата патриотска војна, како што вообичаено се нарекува во земјата.

Покрај нејзината историска симболика, воената парада и овозможува на Русија да ја покаже својата воена моќ и најновите достигнувања во одбранбената технологија.

Кремљ порано ги канеше странските лидери да присуствуваат на парадата, но годинава се откажа од традицијата.

Share
Scroll to Top