Вакцината „спутник В“ е поефикасна против делта варијантата или т.н индиски сој на коронавирус, од која било друга вакцина што покажала резултати за тој вид, објави рускиот инвестициски фонд.
Кон крајот на април, шефот на Рускиот национален институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, кој ја разви вакцината, Александар Гинтсбург, рече дека „спутник В“ произведува доволно антитела за борба против индискиот вид на коронавирус.
Русија беше прва во светот што регистрираше вакцина против коронавирус на 11 август минатата година.
Вакцината „спутник В“ досега е одобрена во 60 земји.
Во февруари, медицинското списание „Лансет“ објави студија која покажува дека руската вакцина има 90 проценти ефикасност против коронавирусот.