Рутe: Русија во моментов не претставува непосредна закана за НАТО

Рутe: Русија во моментов не претставува непосредна закана за НАТО

пред 4 часа

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека Русија во моментов не претставува непосредна закана за територијата на Алијансата, но дека НАТО е подготвен да одговори на евентуален напад.

„Нема непосредна закана за територијата на НАТО. Ако нешто се случи, ние сме подготвени да одговориме“, изјави Руте за „Јуроњуз“ на Самитот за одбрана и вселена.

Тој изјави дека НАТО ќе забележи евентуално зголемување на руските сили кон Финска, балтичките земји, Полска или која било друга членка и ќе реагира на тоа.

„Секогаш ќе бидеме дефанзивни, но доколку е потребно, секако ќе се браниме“, рече Руте.

Според него, Русија се обидува да ги подели сојузниците и да го одвлече вниманието од војната во Украина. Руте ги повика членовите на Алијансата да продолжат да го поддржуваат Киев.

Зборувајќи за можноста за мировни преговори, Руте рече дека рускиот претседател Владимир Путин во моментов не е подготвен за договор.

„Сите сакаме оваа војна да заврши, но за танго се потребни двајца. Засега, не изгледа дека Путин е подготвен за танго кога станува збор за мировен договор“, рече Руте.

Тој, исто така, оцени дека американскиот претседател Доналд Трамп има доволно политичко влијание за да започне преговори со Москва.

Руте, исто така, ги потврди наводите за руското писмо во врска со Калининград, велејќи дека НАТО одговорил со порака дека Алијансата е одбранбен сојуз и повик за прекин на нуклеарните закани.

Зборувајќи за улогата на САД во европската безбедност, Руте рече дека очекува Вашингтон да остане ангажиран во Европа, вклучително и конвенционалните и нуклеарните полиња, но исто така оцени дека САД се оправдано незадоволни од распределбата на товарот во рамките на НАТО.

Текстот Рутe: Русија во моментов не претставува непосредна закана за НАТО е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top