Пронајден Алексеј Навални, се чувствува добро, објави неговата портпаролка

САД: Го поздравуваме тоа што Навални е лоциран, но загрижени сме за неговата состојба

пред 3 години

Портпаролот на американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека Соединетите Американски Држави го поздравуваат фактот што е лоциран затворениот руски опозициски политичар Алексеј Навални, но посочи дека Вашингтон е загрижен за неговата состојба.

Стејт департментот додаде дека е неопходно Навални веднаш да биде ослободен, пренесува Ројтерс.

„Го поздравуваме фактот што Навални е лоциран. Сепак, остануваме длабоко загрижени за неговата состојба“, рече портпаролот на Стејт департментот.

Текстот САД: Го поздравуваме тоа што Навални е лоциран, но загрижени сме за неговата состојба е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top