Руски преговарач го обвини Киев дека не ги почитува договорите

пред 2 години

Рускиот пратеник кој учествуваше во преговорите со Украина Леонид Слуцки денеска оцени дека преговорите биле „тешки“ и ги обвини претставниците на Киев дека се „повлекуваат“ по постигнувањето договор.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Јас сум еден од четворицата преговарачи од руска страна, но тешко е да се преговара. Украинските колеги се согласуваат, а потоа се повлекуваат“, рече Слуцки, пренесува ТАСС.

Русија започна воена операција во Украина на 24 февруари. Претседателот Владимир Путин нејзината цел ја нарече „заштита на луѓето кои осум години биле подложени на малтретирање и геноцид од режимот во Киев“.

За тоа, според него, се планира да се изврши „демилитаризација и денацификација на Украина“, да се изведат пред лицето на правдата сите воени злосторници одговорни за „крвавите злосторства над цивилите“ во Донбас.

Share
Scroll to Top