САД засега не можат да потврдат употреба на хемиско оружје во Мариупол

пред 3 години

Во овој момент, САД не можат да потврдат можна употреба на хемиско оружје во Мариупол, изјавил американски воен претставник, пренесуваат медиумите во светот.

Украинската заменик министерка за одбрана Хана Маљар изјавила дека владата ги проверува непотврдените информации дека Русија можеби користела хемиско оружје за време на опсадата на Мариупол.

Неименуван американски функционер кажал дека САД немаат информации за да потврдат дека Русија распоредила хемиско оружје околу или во близина на Украина.

Share
Scroll to Top