САД почнаа да користат британски бази за операции против Иран

САД почнаа да користат британски бази за операции против Иран

пред 6 часа

Соединетите Американски Држави почнале да користат британски воени бази за одредени операции против Иран, соопшти британската влада.

Британското Министерство за одбрана наведе дека станува збор за „одредени одбранбени операции“ со цел да се спречи Иран да лансира ракети во регионот.

Велика Британија првично одби да учествува во американско-израелската војна против Иран, но подоцна се согласи САД да користат две воени бази – Ферфорд во Глостершир и британско-американската база Диего Гарсија во Индискиот Океан.

Американски бомбардер Б-1 „Лансер“ слета во базата Ферфорд, а таму беше забележан и транспортниот авион Ц-5 „Галакси“, додека пред базата протестираа антивоени демонстранти.

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази незадоволство од британскиот премиер Кир Стармер, кој претходно одби директно вклучување на Британија во нападите.

Анкета меѓу британските граѓани покажала дека 56 проценти од испитаниците ја поддржуваат одлуката на Стармер Британија да не учествува во почетните напади врз Иран.

Текстот САД почнаа да користат британски бази за операции против Иран е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top