САД со итно предупредување: Американците во Саудиска Арабија да побараат засолниште

САД со итно предупредување: Американците во Саудиска Арабија да побараат засолниште

пред 3 часа

Стејт департмент издаде предупредување до своите државјани во Саудиска Арабија, советувајќи ги да побараат засолниште поради можни закани, пренесува Ројтерс.

Во соопштението на американската амбасада се наведува дека се следат извештаи за потенцијални закани на локации каде што се собираат американски државјани.

„Ги советуваме американските државјани дека хотелите и други места на собирање, вклучително и американски компании и образовни институции, може да бидат потенцијални цели“, се вели во предупредувањето.

Амбасадата ги повика граѓаните до понатамошно да останат во затворени простории и да се држат подалеку од прозорци.

Предупредувањето доаѓа откако, според извештаи на државни медиуми, Иранска револуционерна гарда најавила дека од 1 април ќе таргетира американски компании на Блискиот Исток, како одмазда за нападите врз Иран.

Текстот САД со итно предупредување: Американците во Саудиска Арабија да побараат засолниште е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top