Саманта Пауер на чело на УСАИД

пред 5 години

Американскиот Сенат го потврди назначувањето на Саманта Пауер на позицијата директор на Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД), а неколку републиканци им се придружија на демократите во поддршката на кандидатот на претседателот Џо Бајден.

Изборот на Пауер беше потврден со 68 гласа „за“ и 26 „против“.

Пауер беше амбасадор во ООН за време на администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама.

Американските медиуми наведуваат дека, покрај раководењето со УСАИД, таа ќе има место и во Советот за национална безбедност на Белата куќа.

Share
Scroll to Top