Основачот и директор на лабораторијата „Бионтек“, Угур Сахин, денес изјави дека е убеден во ефикасноста на вакцината, која ја развија со американската група „Фајзер“, против индиската варијанта на коронавирусот.
„Иако тестовите се во тек, индиската варијанта има мутации што веќе ги проучивме и против кои дејствува нашата вакцина“, рече Сахин на онлајн прес-конференција.
Сахин рече дека „Бионтек“ ја тестирал својата вакцина на повеќе од 30 варијанти на вирусот и дека секој пат се добива доволен имунолошки одговор.
Варијантата Б.1.617, која првпат се појави во Индија, е откриена во најмалку 17 земји.
Според Светската здравствена организација, Велика Британија, САД, Белгија и Швајцарија се меѓу земјите каде што е потврдено присуството на оваа варијанта на вирусот.