Песков: Многу луѓе во Русија се покажаа како предавници

пред 2 години

Многу луѓе во Русија се покажаа како предавници, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, посочувајќи на оние што поднесуваат оставки или ќе ја напуштат земјата.

Песков го даде коментарот еден ден откако претседателот Владимир Путин упати строго предупредување до, како што кажа, националните предавници, за кои рече дека Западот сака да го искористи како „петта колона“ за да ја уништи земјата, пренесува „Ројтерс“.

Путин во говорот ги опфати и руските олигарси кои живеат на Запад.

„Воопшто не ги осудувам оние кои имаат вила во Мајами или на француската ривиера, кои не можат фои грас, остриги или таканаречените родови слободи. Проблемот апсолутно не е во тоа, туку, повторувам, во фактот дека многу од овие луѓе се ментално лоцирани токму таму, не овде, не меѓу нашите луѓе, не во Русија“, рече рускиот претседател.

„Во тешки времиња, многу луѓе го покажуваат своето вистинско лице. Многу луѓе, како што велиме на руски, покажаа дека се предавници“, додаде Песков за новинарите.

Share
Scroll to Top