Русите воведуваат цантрална команда: Управувањето со силите го презема генерал кој војувал во Сирија

пред 2 години

Руската армија ја реорганизира командата на своите операции во Украина, па управувањето со руските сили го презема искусен генерал кој поминал многу време на боиштето во Сирија, изјави западен претставник, а пренесува Би-би-си.

Имено, руските сили кои ја нападнаа Украина на 24. февруари биле организирани одделно, а добивале наредби од регионите од кои дошле, објаснува функционерот.

„Затоа видовме многу лоша координација на руските сили“, вели претставникот, додавајќи дека армијата не била обучена да функционира на тој начин. Командата на сите руски сили во Украина сега ќе ја преземе командантот на рускиот јужен воен округ, изјави функционерот, додавајќи дека станува збор за генерал Александар Дворников.

„Овој командант има големо искуство во руските операции во Сирија. Затоа, очекуваме дека командата и контролата ќе се подобрат“, рече претставникот.

Јавните извори немаат многу информации за кариерата на Дворников. Неговата биографија генерално е претставена на неговиот профил на страницата на Руското кадетско братство: „Родум од Усуријск, на рускиот далечен исток, Дворников студирал на високото воено училиште во Москва, воената академија Фрунзе и Воената академија на Генералштабот“.

Дворников командувал со моторизиран баталјон распореден во Источна Германија додека руските трупи не ја напуштиле земјата во 1994 година. Помеѓу 2000 и 2003 година, Дворников го водел дивизискиот штаб, а потоа бил командант на дивизијата во Севернокавкаскиот воен округ. Во втората половина на 2000-тите, тој командувал со војниците во воените области на Сибир и на рускиот далечен исток.

Пред да замине во Сирија, тој бил заменик командант на Централниот воен округ во Екатеринбург.

Според веб-страницата на Руското кадетско братство, Дворников бил награден со медал за заслуга за татковината во вооружените сили на СССР III степен, медал за воени заслуги, медал за заслуги пред татковината IV степен со сабји, медал за храброст и многу други медали и признанија.

„Сè постигнал со напорна работа, никогаш не бил ничиј штитеник и со голема тешкотија напредувал во рангот“, изјави за руските медиуми извор запознаен со Дворников.

„Медалот Херој на Русија го добилнајверојатно за вкупниот резултат од руската кампања во Сирија, а не за некаква лична заслуга“, изјави воен извор.

„Зголемените воени способности на руските вооружени сили ни помогнаа да ги распоредиме нашите сили на долги растојанија и ефикасно да ги користиме. Ова е резултат на интензивна воена обука, неочекувано тестирање на борбените способности на силите и нивното поседување на модерно оружје и технологија“, објасни Дворников кога доби медал во 2016 година.

Говорејќи во Кремљ таа година, тој му подари на Путин сувенир – фотографија од покрив во Сирија со слогани на благодарност до руските сили. Само една недела по наградата медиумите почнаа да пишуваат дека Дворников е всушност директен командант на руската операција во Сирија.

Share
Scroll to Top