Лукашенко: Затворете го секој метар од границата, ниту една нога од соседната земја не смее да влезе во Белорусија

пред 3 години

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко им нареди на безбедносните служби да ја затворат границата.

„Од денес, ниту една нога од соседната земја, без разлика дали од југ или запад, не смее да стапне на територијата на Белорусија. Затворете го секој метар од границата. Нашите луѓе мора да се чувствуваат смирени, треба да знаат дека има момци кои се подготвени да ги заштитат“, рече белорускиот лидер на состанокот за ситуацијата на границата, пренесуваат државните агенции.

Лукашенко им нареди на безбедносните сили да ја интензивираат работата за заштита на државната граница.

„Тоа е она што треба да го направиме. Основно. Не дај Боже тие (соседните земји) да започнат со спроведување на тактиката на протерување на луѓето што ги нарекуваа таму (илегални мигранти) преку официјалните гранични премини. Ги знаете последиците, и тие, ги предупредивме, и нека размислат“, рече Лукашенко.

Тој како што пренесуват регионалните медиуми ги нарекол властите на соседните земји нацисти, кои не ги ослободуваат мигрантите и ги враќаат во Белорусија „полумртви“.

Неговиот коментар следеше откако белоруските граничари вчера пронашле пет ирачки државјани протерани од литванската страна на границата со Литванија, а на нив биле откриени прострелни рани и траги од каснување од кучиња.

Според информациите на Државната погранична служба на Белорусија, на повредените им била укажана прва помош, по што биле пренесени во медицински установи.

На 3 август, белоруските граничари регистрираа мигранти што ја минуваа границата од Литванија. Многумина беа во сериозна состојба со разни повреди, анализираат медиумите.

Според портпаролот на белоруската погранична служба, Антон Бичковски, граничарите забележале човек во тешка состојба во близина на границата со Литванија, и тој починал при укажување прва помош.

Лукашенко најави дека Белорусија повеќе нема да ги задржува илегалните мигранти на пат кон земјите од ЕУ, бидејќи поради санкциите од Западот, Минск „нема ниту пари, ниту сила“ за тоа.

Share
Scroll to Top