Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената која тврди дека Брижит е маж

Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената која тврди дека Брижит е маж

пред 45 минути

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга, Брижит Макрон, поднесоа нова тужба против американската авторка на подкасти, Кендис Овенс. Тие ја тужат поради тврдења со кои се доведува во прашање родовиот идентитет на француската прва дама.

Тужбата е поднесена на 4 ноември пред федерален суд во сојузната држава Тенеси, каде што живее Овенс. Макронови ја обвинуваат дека продолжува да шири лажни тврдења, и покрај претходната правна постапка што ја иницираа во летото 2025 година.

Оваа нова правна постапка следува откако судија во Делавер кон крајот на октомври пресуди дека Овенс не може да сноси лична одговорност во претходниот случај. Судот донесе таква одлука бидејќи истекол рокот за застареност за поднесување на тужбата. Сепак, со истата одлука беше дозволено постапката да продолжи против компаниите поврзани со Овенс.

Во новата тужба се наведува дека Овенс ги користела овие контроверзни тврдења за да ја промовира својата независна медиумска платформа, да се здобие со јавна препознатливост и да оствари заработка.

Макронови ја обвинуваат за упорно ширење невистини; во судските документи, кои опфаќаат повеќе од 400 страници, тие наведуваат околу 88 примери на изјави што ги сметаат за клеветнички. Нејзините постапки во тужбата се опишани како меѓународно понижување, а се истакнува и дека спорните изјави им нанеле значителна штета.

Текстот Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената која тврди дека Брижит е маж е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top