Сериозна состојбата со коронавирусот во Белгија, 5.728 новозаболени

пред 2 месеци

Белгија во последните 24 часа забележа 5.728 нови случаи на инфекција со вирусот Ковид-19.

Националниот центар за јавно здравје наведува дека ова е зголемување за 2.000 случаи во споредба со средата, 7 октомври, и дека просечниот број на заразени лица оваа недела се зголемил за 72 проценти во споредба со претходната недела.

Во последните 24 часа, Белгија исто така забележа 18 смртни случаи и 124 нови хоспитализации предизвикани од компликации поради новиот коронавирус.

Во последните 14 дена, Белгија бележи повеќе од 280 заразени на 100 илјади жители.

Share
Scroll to Top