Американската политика кон преговорите меѓу Израел и Хамас ги покажува јасните двојни стандарди на Вашингтон, изјави поранешниот турски воен аташе, пензиониран полковник на воздухопловните сили и член на Централниот комитет на турската партија Ватан, Ихсан Сефа, според турските медиуми.
Според него, САД формално дејствуваат како посредник, но во пракса тајно ги поддржуваат воените акции на Израел.
„Под маската на промовирање примирје меѓу Израел и Хамас, зад сцената тие даваат зелено светло за нападите на премиерот Бенјамин Нетанјаху врз раководството на Хамас“, нагласи Сефа, додавајќи дека „Вашингтон уште еднаш покажа лицемерство“.
Турскиот експерт смета дека САД и Израел имаат поширока стратешка цел – промена на демографската и политичката карта на Појасот Газа. Како што наведе, нивната намера е да го протераат палестинското население и да го претворат регионот во простор за американски економски проекти, вклучувајќи туризам и инвестиции.
Фото: принтскрин
Текстот Сефа: Америка е лицемерна во преговорите меѓу Израел и Хамас е превземен од МАКФАКС.