Се огласија сирените за напад, истрелани ракети кон Ерусалим

пред 4 години

Неколку минути откако стапи на сила ултиматумот на палестинската милитантна организација Хамас, кој беше испратен до израелската влада за да ги повлече своите безбедносни сили од областа околу џамијата Ал Акса, сирените предупредија за ракетен напад во Ерусалим, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Набргу потоа одекнале детонации, по што се огласи и претставникот на военото крило на Хамас, Абу Обеид и потврди дека ракетните напади биле одговор на, како што рече, злосторството и агресијата што Израел ги прави во Ерусалим, објави АП.

„Ова е порака што непријателот мора добро да ја разбере“, рекол Обеид, заканувајќи се со нови напади доколку Израел повторно им нареди на своите безбедносни сили да упаднат во џамијата Ал Акса или да извршат протерување на Палестинците кои живеат во источен Еурслим.

Набргу откако беа активирани сирените од Појасот Газа, во Ерусалим се слушнало лансирање ракета, а потоа и на втора.

Во меѓувреме, како што објави „Ројтерс“, европскиот комесар за надворешни работи Жозеп Борел повикал на мир во источен Ерусалим, откако повеќе од 300 Палестинци беа повредени во судирите со израелската полиција околу џамијата Ал Акса.

„Ситуацијата што настана поради најавата за протерување на палестинските семејства од источен Ерусалим предизвикува сериозна загриженост. Таквата акција е незаконска и е во спротивност со меѓународното хуманитарно право. Само поттикнува зголемување на тензиите”, предупреди Борел, а пренесе „Ројтерс“.

Засега нема информации за можни жртви во ракетните напади или материјална штета, но израелската армија потврди дека кон Ерусалим биле истрелани седум ракети.

Share
Scroll to Top