Се урна конструкција во електрана во Јужна Кореја: 7 лица останаа заробени

Се урна конструкција во електрана во Јужна Кореја: 7 лица останаа заробени

пред 2 месеци

Властите во Јужна Кореја стравуваат дека седум лица се заробени по уривањето голема структура во електрана во градот Улсан овој четврток, објави новинската агенција „Јонхап“.

Официјален претставник на противпожарната служба на округот не можеше веднаш да го потврди бројот на исчезнати. Претходно, „Јонхап“ и други медиуми објавија дека шест лица се исчезнати, а две се спасени.

Спасувачката операција е во тек
Јужнокорејските медиуми објавија фотографија на која се гледа масивна челична структура во југоисточниот град Улсан, која се урнала и се превртела.

Во тек е спасувачка операција.

Инцидентот се случил во подружница на државната комунална компанија „Иствест пауер ко.“, соопштија официјални лица, според „Јонхап“.

Детали за причината за несреќата и состојбата на заробените работници засега не се познати.

фото: принтскрин

Текстот Се урна конструкција во електрана во Јужна Кореја: 7 лица останаа заробени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top