Силен ветер урна сцена на концерт во Мексико, седум повредени

Силен ветер урна сцена на концерт во Мексико, седум повредени

пред 16 часа

Сцена на концерт на отворено во Мексико Сити се урна во четврток попладне по локално време, при што беа повредени седум лица, соопштија локалните власти.

Градските власти соопштија дека инцидентот се случил кога силните ветрови урнале метална конструкција што била дел од сцената.

Итните служби им пружиле медицинска помош на повредените на местото на настанот, а две лица се однесени во болница на понатамошно лекување, се вели во соопштението.

Сцената беше поставена за музички настан по повод Денот на мајките.

Текстот Силен ветер урна сцена на концерт во Мексико, седум повредени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top