Силен земјотрес го погоди подрачјето на Неапол: затворени училиштата

Силен земјотрес го погоди подрачјето на Неапол: затворени училиштата

пред 2 часа

Силен земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди пошироката област на Неапол рано во четврток наутро. Според Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV), епицентарот бил во заливот Поцуоли, на длабочина од само три километри, објавува Euronews.

Потресот бил почувствуван низ целата област на Неапол, а многу жители се огласиле на социјалните мрежи. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета. Како мерка на претпазливост, општините Поцуоли, Баколи и Кварто одлучија да ги затворат училиштата.

Земјотресот се случил во областа Кампи Флегреи, огромен супервулкан кој се наоѓа западно од Неапол. Тоа е калдера, или шуплива област создадена со уривање на покривот на древна магматска комора. Тоа е високо сеизмички активна област, подложна на феноменот на брадисеизам – периодично подигнување и спуштање на земјата, што е придружено со чести роеви земјотреси, претежно со умерен интензитет.

Земјотресите во оваа област се генерално плитки и се случуваат во горните неколку километри од Земјината кора. Затоа локалното население ги чувствува силно, дури и кога се со помал интензитет.

Текстот Силен земјотрес го погоди подрачјето на Неапол: затворени училиштата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top