Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во Белград изјави дека Унгарија нема да ја остави Србија без енергенти и дека денес ќе бидат утврдени техничките детали за помошта во снабдувањето. Тој нагласи дека Србија секогаш можела да смета на Унгарија во енергетската соработка.
Сијарто оцени дека и Србија и Унгарија ја плаќаат цената на војната во Украина иако немаат одговорност за конфликтот и повтори дека војната не може да се реши на бојното поле. Тој рече дека двете земји силно се залагаат за усвојување на мировниот план предложен од претседателот на САД, Доналд Трамп.
Унгарскиот министер изјави дека интерес на Европската Унија е Србија што побргу да стане членка и дека одредени земји го блокираат овој процес, а, како што рече, истовремено ја туркаат Украина кон членство.
Тој додаде дека Унгарија ќе ѝ помогне на Србија и економски и енергетски предупредувајќи дека намалувањето на снабдувањето преку гасоводи може да доведе земји во ранлива позиција.
Текстот Сијарто: Унгарија ќе ѝ помогне на Србија во снабдувањето со енергенси и ја поддржува нејзината интеграција во ЕУ е превземен од МАКФАКС.






