Си-ен-ен: Трамп и Нетанјаху имаа напнат разговор

Си-ен-ен: Трамп и Нетанјаху имаа напнат разговор

пред 3 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера имаа „тензичен“ телефонски разговор, по што Израел побара директни разговори за прекин на огнот со Либан. Според израелски извор, Нетанјаху го сторил тоа затоа што сфатил дека Трамп, во спротивно, може сам да прогласи прекин на огнот, пишува Си-ен-ен.

Тоа беше барем третиот разговор оваа недела меѓу двајцата лидери во кој Либан беше главна тема. Порано во текот на неделата, тие разговараа пред Трамп да објави двонеделен прекин на огнот со Иран, а потоа Нетанјаху наводно побарал Либан да биде изоставен од таа поширока рамка.

Еден ден подоцна, според Си-ен-ен, Трамп го притиснал Нетанјаху да ги намали израелските напади врз Хезболах во Либан. Повикот се случи откако либанските здравствени власти објавија дека 303 лица се убиени во нападите.

Канцеларијата на Нетанјаху ги негираше извештаите, нарекувајќи ги тврдењата за „тензичен“ разговор „лажни вести“ и опишувајќи ја комуникацијата како „пријателска“.

„Двајцата лидери работат во целосна координација и со меѓусебно почитување“, се вели во соопштението објавено од Си-ен-ен.

Текстот Си-ен-ен: Трамп и Нетанјаху имаа напнат разговор е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top