Словенија утре ќе ги отстрани граничните пунктови кон Австрија и Италија, но контролните пунктови кон Унгарија ќе останат.
Од утре во Словенија ќе се признаваат резултатите од ПЦР-тестовите направени во Австралија, на Нов Зеланд, во Канада, Израел и Русија.
Досега се признати само резултатите од ПЦР-тестовите направени во ЕУ, европските земји надвор од Шенген зоната и во Велика Британија.
Финска е отстранета од словенечкиот црвен список на ризични земји, но според извештајот на СТА е додадена Малта.