Сопственикот на Кран Монтана каде загинаа 40 лица, излезе од притвор со гаранција од 200.000 швајцарски франци

Сопственикот на Кран Монтана каде загинаа 40 лица, излезе од притвор со гаранција од 200.000 швајцарски франци

пред 6 часа

Сопственикот на барот во швајцарското скијалиште Кран Монтана, во кој загинаа 40 лица во пожар за време на новогодишна забава, е пуштен на слобода откако судот му го укина притворот.

Жак Морети е пуштен на условна слобода, соопшти судот во Сион, во швајцарскиот кантон Вале.

Морети мора да ги предаде личните и патните документи, нема право да ја напушти земјата, должен е секојдневно да се јавува во полиција и да плати кауција. Судот соопшти дека на сметката на обвинителството се уплатени 200.000 швајцарски франци, наводно од негови блиски пријатели. Слични услови важат и за неговата сопруга Џесика.

Според првичните истраги, за време на новогодишната забава во барот „Le Constellation“, прскалките ја запалиле пената на таванот, по што пожарот се проширил исклучително брзо.

Во пожарот загинаа 40 лица, меѓу кои и голем број малолетници. Вкупно 116 лица беа повредени, од кои 80 со тешки изгореници.

Текстот Сопственикот на Кран Монтана каде загинаа 40 лица, излезе од притвор со гаранција од 200.000 швајцарски франци е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top